Зелка салата со кисело-млечен дресинг
Состојки
- 1/2 мала зелка
- 3 тврдо варени јајца
- 3-4 полни лажици биволско кисело млеко (или друго цврсто)
- 50 гр козјо сирење или кашкавал
- 1 грст ситно сецкан магдонос
- 1 лажиче мелен ким
- сол и црн бибер по вкус
- 1 лажици ладно цедено маслиново масло
- малку сок од лимон или киселина (можи и не мора, по желба)
- 1 мало филџанче за кафе јогурт
Подготовка
Исецкајте ја зелката. Посолете ја и додадете го маслото и сокот од лимон (не мора кој не сака, а можи и малку киселина. Јас не додадов). Убаво измешајте ја и оставете да впива. Додадете го и ситно сецканиот магдонос.
Изрендајте ги јајцата, сирењето или кашкавалот (што милувате) и во нив додадете го киселото млеко, па измешајте. Побиберете и додадете го мелениот ким. Се така убаво измешано вмешајте го на крај во салатата со зелка.
Одозгора украсете со сецкан магдонос, рендано јајце и откако е сервирано, одозгора прелијте го јогуртот.