Сладолед со вишни
Состојки
- 400 гр свежи вишни
- 200 гр шеќер
- 6 жолчки
- 300 мл млеко
- 200 мл слатка павлака
- рендана кора од лимон
Подготовка
Освежителен и киселкаст вкус, погоден за летниот период.
1. Вишните се блендираат со 50 гр шеќер.
2. Жолчките се матат со преостанатиот шеќер, додека се добие кремаста смеса.
3. Во тенџере се соединуваат млекото и слатката павлака, па се загреваат на умерена температура до мигот на вриење. Се трга од оган и се додаваат изматените жолчки, па се продолжува со готвење, со постојано мешање додека почне да се згуснува смесата.
4. Во изладената смеса се додаваат блендираните вишни и ренданата кора од лимон, па полека се промешува.
5. Во пластичен сад се става смесата и се остава во замрзнувач.
Доколку сакате да има и цели вишни, тогаш само половина изблендирајте. Но кога ќе ја ставите смесата во замрзнувач, потребно е да се промешува на 30 минути и постапката да се повтори неколку пати, додека сладоледот да замрне целосно.