Испечати

Чоколадни палачинки

Чоколадни палачинки

Состојки

  • 2 шолји брашно
  • 2 шолји какао
  • 2 јајца
  • 2 кафени лажици шеќер
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица цимет
  • по потреба млеко
  • околу 5 лажици растопен путер
  • еурокрем за фил

Подготовка

Брашното и какаото се размешуват со лажица се додават шеќерот, солта и циметот сето тоа се размешува . Се додават јајцата, млекото и растопениот путер со миксер сето тоа убаво се изработува. Се остава во фриждер околу 10-15 минути.
Во тава за палачини премачкуваме со путер и започнуваме со пржењето на палачинките.
Многу вкусни излегоа ги филував со еурокрем и декорација со шлаг крем и бисквити.
Шолја 200мл. 

Пријатен апетит !!