Пилешко во сос од павлака и магдонос
Состојки
- 500 гр пилешки гради
- 300 гр свежи печурки шампињони
- 1 црвен кромид
- 1 бел кромид
- 150 гр сушена плешка
- 150 мл бело вино
- 200 мл павлака за готвење
- 1/2 до 1 китка магдонос
- 100 гр кашкавал
- мускатно оревче, бибер, мешан сув зачин по вкус
Подготовка
Подготовка
1. Месото го сечкаме на коцки и го пржиме на масло до поруменување.
2. Го тргаме на страна и во истото тавче го запржуваме насечканиот кромид, па ги додаваме печурките и плешката малку да се запржат.
3. Го ставаме виното да проврие заедно со месото, па зачинуваме.
4. Целата смеса ја ставме во огноотпорен сад или соодветно тавче, ја залеваме со павлака, многу сечкан магдонос, рендаме кашкавал и печеме на 200 степени околу 20-30 минути (до поцрвенување).