Колач со вишни
Состојки
- Тесто
- 5 јајца
- 1 шолја шеќер
- ½ шолја масло
- 2 шолји брашно
- 1 ванила
- 1 пециво
- Фил
- ½ кг вишни
- 2 лажици гриз
- 4 лажици шеќер
Подготовка
1. Јајцата се бијат со шеќерот и ванилата. Се додаваат брашното, маслото и пецивото. Сето се меша.
2. Караванче бр. 30 се премачкува со масло. Половина од смесата се става во него и се печи во загреана рерна на 180 степени 10 минути.
3. Вишните се чистат од коските, се мешаат со гризот и шеќерот. Се ставаат врз тестото. Се тура и другата половина од тестото. Се печи уште 20 минути на 170 степени.
4. Тортата ја посипуваме со шеќер во прав.
- Шолјата е 250 мл