Експресни солени крекери (посно)
Состојки
- * 1 шоља- 240 мл
- 3/4 шоља ладна вода
- 1/4 шоља масло
- 1 и 1/2 шоља брашно
- 1/2 шоља пченкарно брашно
- 1 мало лажиче сол
- 1 мало лажиче буковец промешан со чубрика
- 1 голема лажица крупна сол
Подготовка
Супер мезе, испаднаа овие крекери, грицкаш и не знаеш за доста. Пред некоја вечер бевме да славиме 40-ка на наш близок роднина и како што е ред наместо чоколадо му направивме крекери и додаток мајонез од сончоглед по рецепт на Лудо, рецептот за намазот е тука...Се подготуваат експресно затоа и им е името такво...буквално за 15 мин. Постапката е следна
1. Вклучете ја рерната на 220 степени.
2. Во подлабок сад за месење ставете го брашното, промешано со пченкарно брашно и сол. Додадете и буковец и со водата прмешана со масло замесете тесто. Ако ви е премногу меко додадете уште малку брашно, јас наместо тоа ставив неколку големи лажици сусам за да добиете средно меко тесто.
3. Во поголем плех за пачење ставете хартија (ако печете во тавите на делимано не ни мора). Расукајте го тестото во кора со дебелина од 2 мм. Ако ви е помал плехот поделете го тестото на 2 дела па печете поединечно 2 кори. Битно колку е потенка кората толку ќе се покрцкави крекерите. Со нож расечете ја кората на коцки со големина по желба. Наросете со крупна сол и набоцкајте го секое крекерче со виљушка.
4. Печете околу 10 минутки, односно додека не заруменат. Печените крекерчиња оставете ги убаво да се изладат и со раце раскршете ги на обележаните места.
Супер одговараат со секакви макала и може да стојат неколку дена.
На здравје мезе