Видео рецепт: Омлет во Нутрибулет
Состојки
- 2 чешниња лук
- 2 млади кромидчиња
- 10 ливчиња босилек
- малку магдонос
- малку копар
- 4 јајца
- сол и бибер
Фичо ќе подготви фантастичен омлет со зачини и билки, со помош на Нутрибулет!
Подготовка
Чекор 1: Во најголемата чаша на Нутрибулет ставете ги сите состојки и изблендирајте.
Чекор 2: На оган ставете ја тавата да се згрее. Испржете го омлетот на малку масло и декорирајте го по ваша желба.
Чекор 3: Сервирајте!
СОВЕТ: Со менување на додатоците, може да добиете омлети со најразлични вкусови и бои. Пробајте и споделете ги нас!