Плескавици со морков
Состојки
- 500 гр. мелено месо (телешко и свинско)
- 1 главица кромид (средно голем)
- 1 морков (голем)
- 1 лажица брашно
- 1 лажица масло
- 2 лажици презла (лебни трошки)
- 1 лажица мешан сув зачин
- по малку црн пипер, кари, масло
Подготовка
1. Во меленото месо се додава морковот изрендан на крупната страна од рендето, кромидот исечкан на ситни коцкички.
2. Се додаваат останатите состојки, се измесува сето убаво со рака и се формираат плескавиците. При формирањето на плескавиците по потреба рацете се намастуваат со масло и се пржат во жешко масло.
Јас направив 6 плескавици, а бројкава може да варира според големината на плескавиците.
Едноставен и брз ручек кој одговара со гарнир од варен ориз, пржени цели пиперки, домати и се друго по желба.