Брзо ржано лепче
Состојки
- 12 гр свеж квасец
- 2 дл млеко
- 1 лажиче сол
- 1 лажица масло
- 300 г ржано интергрално брашно
Подготовка
Во сад се става квасецот со млакото млеко да се стопи квасецот. Се додава сол, масло и брашното постепено. Се меси тестото некоја минута.
Во калап од 24 цм се става масна хартија и се притиска тестото во калапот. Се боцка со вилушка, се поросува со брашно и се остава да стаса 1 час. Се загрева рерната на 250 се намалува на 225 и се пеци лепчето 15 мин.