Испечати

Млечник

Млечник

Состојки

  • 4 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 1 л млеко
  • 180 гр кисело млкео

Подготовка

1. Во тенџере скршете ги јајцата и додајте го шеќерот. Матете со маталка 5 мин.
2. Киселото млеко со вилушка матете го додека да добиете јогурт. Користам кисело млеко бидејќи не се користи сол во него.
3. Во тенџерете со изматените јајца и шеќерот додајте го пресното и киселото млеко и промешајте да се содинат.
4. Теџерето ставете го на средна температура. Промешувајте со лажица на секои 2 мин со нежни движења додека да почне млечната течност да се претворува во водна течност. Тоа доаѓа течноста како да згрутчува.
5. Откако ќе заприметите на краевите дека повеќе не постои млечна течност, а сетоа тоа е претворено како грутки (всушност тоа не се грутки, но мора така да опишам) тргнете го тенџерето од оган и истурете ја смесата со црпалка во 6 помали садови или истурете ја во еден поголем сад. Оставете смесата да се излади се па послужете.Добар апетит.

Совет-следете ги сликите 1 и 2 на нив е фотографирано целосното време на приготвување на млечникот (јајчникот). Се надевам ќе помогнат.