Лепчиња од компир и маслинки (посно)
Состојки
- 600 гр брашно
- 1 (250 гр ) компир
- 10 лажици масло
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2 коцка (20 грама) квасец
- околу 300 мл или по потреба топла вода
- 150 гр црни маслинки исчистени од семките
Подготовка
Компирот со лушпа ставете го да се вари додека омекне. Оставете го да олади, излупете го и згмечете го со алатка во пире.
Квасецот растворете го со малку вода и шеќерот.
Во сад за месење ставете го брашното, пирето, квасецот, маслото, солта и со постепено додавање на водата замесете го тестото на меко. Сега додајте ги маслинките и повторно измесите да се спојат во тестото.
Покриено оставете го да скисни околу 30-мин. Потоа премесете го и направите 12 мали лепчиња и наредете ги во намрсен плех. Оставете ги да скиснат уште 30ина минути.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете ги да се печат околу 30 минути, да добијат црвенкаста боја.
Одлични се топли а и ладни, премеки се.