Испечати

Превртен колач со јагоди

Превртен колач со јагоди

Состојки

  • 4 јајца
  • 1,5 чаша(180мл) шеќер
  • 1 чаша кокос
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша кисела вода
  • 1/2 чаша зејтин
  • 300гр јагоди

Подготовка

Јајцата се мата со шеќерот додека запенат.Полека се додава зејтинот и киселата вода и на крај брашното помешано со кокосот и пецивото. Смесата се меша со лажица и се истура во плех на хартија за печењеПред да се стави да се пече се редат јагодите и се става на печење околу 25 минути на 180 степени.Тестото е доста воздушесто и јагодите ќе паднат на дно.Одкако ќе се олади се превртува колачот,се наросува со шеќер во прав и се сече на парчиња.
Колаќот е многу сочен и лесен за јадење.