Видео рецепт: Бургер МоиРецепти
Состојки
- 1 кг. мелено јунешко месо
- 1 јајце
- 2 лажици брашно
- 100 мл. Ворчестер сос
- 1 лажичка сода
- малку масло
- 50 мл. кисела вода
- сол и бибер
- 1 главица кромид
- За СОС ќе ви треба:
- малку павлака
- малку мајонез
- малку кари
- Ќе ви треба и:
- сино сирење
- чадена сланина
- малку марула
- чедар кашкавал
- кисели краставички
- малку помфрит
Фичо ќе подготви раскошен бургер, омилен за тимот на МоиРецепти.
Подготовка
Чекор 1: Во сад ставете го меленото месо. Кромидот испасирајте го во Нутрибулет и заедно со останатите состојки додадете ги во месото. Месете додека не добиете хомогена смеса. Оставете го да одмори во фрижидер.
Чекор 2: Од смесата формирајте бургери со големина по ваша желба, околу 200 грама.
Печете ги на Грил тавата со повремено превртување.
На крајот ставете по 1-2 парчиња кашкавал и тргнете ги на страна.
Чекор 3: Од страната потпржете ја и сланината.
Испржете го помфритот.
Пресечете го лепчето на половина и потпечете го.
Направете го сосот од сите состојки.
Чекор 4: Составете го бургерот и сервирајте како што тоа го прави Фичо во видеото!
СОВЕТ: Ова е нашиот рецепт за совршен бургер, пробајте го и кажете го вашето мислење.