Испечати

Предјадење со пиперки - Полнети поховани пиперки

Предјадење со пиперки - Полнети поховани пиперки

Состојки

  • 6 пиперки
  • 250 гр. урда
  • 3 јајца
  • брашно, презла, сусам, сол, зачини, масло за јадење

Подготовка

Ги чистиме пиперките од дршките и семето. Во сад матиме 1 јајце со сол и зачинал и ја додаваме урдата. Со оваа смеса ги полниме пиперките и ги затвораме со парче пиперка.
Така подготвените пиперки ги поховаме во брашно, јајца, па презла и сусам. Ги пржиме на средно загреано масло за јадење. Ги сервираме во чинија и декорираме по желба. Добар апетит