Брзи шпагети со бел сос
Состојки
- 500 гр. шпагети
- 200 гр. кашкавал
- 400 гр. кисела павлака
- масло за јадење,сол,бибер,зачинал,оригано и маслинки за декорација
Подготовка
Шпагетите се варат на вообичаен начин.
Во тавче се става малку масло за јадење и кашкавал и се остава да се растопи. Потоа се додава киселата павлака и зачините и се остава малку да прокрчка. Шпагетите ги сервираме во длабока чинија и одозгора ги полеваме со белиот сос и декорираме со маслинка. Добар апетит.