Испечати

Вкусни залаци со свежи пиперки

Вкусни залаци со свежи пиперки

Состојки

  • 4 зелени пиперки
  • 200 гр. изварка или бело сирење
  • 50 гр. чајна салама
  • 3 лажици кисела павлака
  • 1/4 лажичка куркума
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1/4 лажичка оригано
  • 1 мала киска магдонос
  • 2-3 кришки ситно исечкана зелена пиперка
  • малку црвен пипер, малку мешан сув зачин

Подготовка

Едноставно, брзо и лесно ладно предјадење кое во зависност од состојките што ги имате и сакате, може да се изведе онака како што милувате.

~ Се одбираат прави пиперки за полесно полнење со филот, се мијат, се чистат од дршките, семето и жилите.

Фил
~ Изварката (или сирењето), се меша со вилушка со киселата павлака, маслиновото масло и путерот (кој е на собна температура) и сите останати состојки, додека сето добро се изедначи.
Спремните пиперки се полнат со филот, се оставаат 15-тина минути во фрижидер да се изладат, се сечат на кришки и се декорираат со свеж домат, марула, крставица или друго по желба.
Ем ладно, ем свежо.