Салата од макарони со пилешко и риба
Состојки
- 250 гр макарони (по желба)
- 1 парче пилешки гради
- 100 гр туна (риба)
- 100 гр златна мешавина (пченка,морков,грашак)
- 100 гр кашкавал
- 1 кафено лажиче сол
- по вкус магдонос
- 180 гр кисела павлака
Подготовка
Најпрво пилешкото исечете го на помали коцки ставте го во тава на оган да се пржи со малку зејтин. Дојдате сол и мешан зачин по вкус и половина филџан вода. Откако ќе се испржи тргнете го од оган.
Во тенџере на оган сварете ги макароните да се варат по упатството. Откако ќе се сварат исцедете ги од водата и оставте ги да се оладат.
Златната мешавина сварете ја по упатството, па и неа исцедете ја од водата и оставте да се олади.
Оладените макарони истурете ги во друг сад. Додајте го испрженото оладено пилешко месо. Потоа додајте ја оладената златна мешавина, туната (рибата), претходно изренданиот кашкавал на ситната страна од рендето, солта, магдонос и на крај додајте ја киселата павлака. Нежно промешајте со две лажици додека да се соедини се па сервирајте.Добар апетит...