Испечати

Сладолед од авокадо

Сладолед од авокадо

Состојки

  • 1 поголемо авокадо
  • 395 мл засладено кондензирано млеко
  • 200 мл слатка павлака
  • 1 помал лимон (сок и кората)
  • 1 ампула екстракт од рум
  • 100 гр агроблок чоколадо

Подготовка

Излупете и исецкајте го авокадото на коцки и испасирајте/изблендирајте го. Додадете го кондензираното млеко, eкстрактот од рум и сокот и кората од лимонот.
Посебно изматете ја слатката павлака, па додадете ја и неа во авокадото.
Изрендајте го и чоколадото во смесата, a 20 гр оставете за одозгора. Измешајте и ставете го во замрзнувач да се здрви.