Кејк попс
Состојки
- За 12 до 15 парчиња
- 150 г филовани чоколадни бисквити
- 2 лажици крем сирење
- 100 г чоколадо
Подготовка
Немора да бидат бисквитите цоколадни само да се дупли и филовани.
Се блендират бисквитите. Се додава крем сирење и се меша да дојде како тесто.
Со пластична фолија се става садот во фрижидер да одмори малце тестото. 30 мин до 1 сат.
Се прават мали топчиња и му се става стапче во секое топче. Се оставаат пак во фрижидер.
Се топи чоколадото на пареа и се макаат топчињата во чоколадото. Може исто и со лазица да се потурваат.