Испечати

Мезе со мус од авокадо

Мезе со мус од авокадо

Состојки

  • Состојки:
  • 1 добро созреана авокадо
  • 1 тенка краставица со должина до 30 см.
  • 50 милилитри мраз ладна вода
  • 3 преполни лажици кисела павлака
  • 4 преполни лажици кисело млеко
  • 4 големи пиперки

Подготовка

Краставиците излупете ги и исечете на коцки, додадете го авокадото, јогуртот, киселата павлака, сол, црн пипер и водата. Блендирајте до добивање на мек и мазен мус.
Исечете го најширокиот дел на пиперките како чашка со височина 4 - 5 сантиметри. Пополнете со кремот и се украсуваат со магдонос и со останатите парчиња од пиперките исечени на стапчиња. Чувајте го мусот со авокадото во добро затворен стаклен сад. По околу еден ден површинскиот слој му затемнува, но го задржува вкусот и своите квалитети. Најдобро е да се приготви со добро разладени производи до 20 - 30 минути пред јадење.