Испечати

Видео рецепт: Интегрален леб со семки

Видео рецепт: Интегрален леб со семки

Состојки

  • 1 шолја (250 гр.) интегрално брашно
  • 3 шолји (750 гр.) бело брашно
  • 1 сув квасец
  • 5 лажици мелен сусам
  • малку семки од сончоглед
  • 60 гр. растопен путер (по желба)
  • 180 мл. јогурт
  • 1 чаша вода (околу 200 мл.)

Фичо ќе ни ја открие тајната за подготовка на интегрален леб со семки.

Подготовка

Чекор 1: Од сите состојки замесете тесто. Оставете го да нарасне околу половина час.

Чекор 2: Расплескајте го во тавата. Печете го на 200 степени околу 30 минути.

Чекор 3: Сервирајте!

СОВЕТ: Размерот меѓу белото и интегралното брашно зависи од вашите навики на јадење.