Видео рецепт: Овошни лиснати нинџа ѕвездички
Состојки
- готово лиснато тесто
- 250 гр. крем сирење
- 2 лажици сок од лимон
- 1 лажица кора од лимон
- 2 лажици ванила екстракт
- по потреба џем од малини
- малку малини
Фичо ќе ни даде повеќе идеја, отколку рецепт, за подготовка на овошни лиснати пецива.
Подготовка
Чекор 1: Вклучете ја рерната на 200 степени. Во миксер ставете ги крем сирењето, сокот од лимон, кората од лимон и ванилата и матете додека не добиете убава смеса. Лиснатото тесто расукајте го на набрашнета површина. Внимавајте да не биде претенко.
Чекор 2: Исечете го тестото како што го прави тоа Фичо во видеото.
При редење во ростерот внимавајте да не бидат премногу блиску една до друга за да не се залепат.
Чекор 3: Во средината ставете од крем сирењето и малку џем од малини. На секоја ѕвездичка ставете по четири малини. Ако сакате поблаго, ставете повеќе џем.
Чекор 4: Печете на 200 степени 15-18 минути.
Чекор 5: Сервирајте и наросете со шеќер во прав!
СОВЕТ: Вкусот на ова пециво во голема мера е дефиниран од квалитетот на лиснатото тесто. Најдобро ако самите го направите дома.