Овошен десерт
Состојки
- 2 кајсии
- 10-15 јагодки
- 5-6 цреши
- 1 пудинг од јагодки
- 500 гр млеко
- 3-4 бисквити
Подготовка
Пудингот сварете го со млекото според упатството на кесичката.
Во долниот дел на чашата ставете бисквити, врз нив јагоди, кајсии, цреши и ставете го пудингот.
После пак редете овошје и пудинг.
Овошјето може да биде по желба.
Украсете со бисквити.