Макарони во бел сос
Состојки
- 1 китка млад кромид
- 250гр димена сланина
- 300гр печурки
- 1 морков
- 500гр кисела павлака
- 1 лажица зачин
- 1/2 лажичка бибер
- 2 лажици брашно
- 300мл вода
- 500гр макарони или др тестенини
Подготовка
Кромидот се чисти и сецка на поситни парчиња. Исто и морковот и се ставаат на зејтин да се пржат. Одкако ќе се пропржат се додава ситно сецканата сланина и печурките и се пржи околу 10 минути. Се додава брашното, се запржува и се налева со топлата вода и павлаката. Убаво се меша и се додаваат зачините.
Макароните се варат и сосот може да се измеша со нив или секој посебно да си се послужи.
Брзо, вкусно и едноставно јадење кое секој може да го подготви .