Испечати

Намаз од печен зеленчук (посно)

Намаз од печен зеленчук (посно)

Состојки

  • 1 модар патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 црвени пиперки
  • 2 црвени патлиџани
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лажиче мајчина душичка
  • прстофат мајоран
  • по потреба сол и масло

Подготовка

Зеленчукот измијте го и исечетего на помали парчиња. Ставете го во тава, додајте ги зачините, солта, попрскајте го со масло и измешајте го.
Ставете го да се печи во загреана рерна на 180-200 степени околу 1 саат додека да омекни. Повремено измешајте го за да не изгорат премногу горните парчиња.
Кога е испечен оставете го да олади и изблендирајте го во блендер да се добие изедначена мазна смеса. По потреба додајте и сол.
Вака добиениот намаз послужете го со лепче, сиренце итн. а може да се искористи и како сос за тестенини.