Детска обланда
Состојки
- Фил
- 500мл млеко
- 500 гр шеќер
- 250 гр путер
- 3 шола од 200 мл мелени бисквити
- 2 паковки кокос
- 2 ванила
- 1 паковка обланда
Подготовка
Во сад на оган се става млекото, шеќерот и путерот.
Откако ќе зоврие, се тргана страна и се додава мелени бисквити, кокос и ванила.
Се промешува убаво со лажица и жешкиот фил се нанесува врз обландата. Се распоредува убаво врз целата обланда и така се премачкуваат сите обланди освен последната.
Притиснете ја со нешто тврдо и ставете ја да се излади во ладилник. Откако ќе стегне путерот, извадете и пресечете ја на форми какви вие посакувате.