Испечати

Авокадо намаз

Авокадо намаз

Состојки

  • 1/2 авокадо
  • 2 лажици крем сирење
  • 2 лажици лимонов сок
  • 1 лажица маслиново масло (ладно цедено)
  • 1 лажичка свеж магдонос (сечкан)
  • малку мешан сув зачин, малку свеж копар, сол по вкус

Подготовка

Авокадото е прекрасно и овошје кое со својата кремаста текстура може да се искористи во подготовка и на благи и на солени рецепти.

Овој намаз го приготвив по сопствен вкус, лесно и брзо.
Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат додека да се добие убава, кремаста, светло зелена мазна смеса. Одличен додатен намаз на лепче, крекери, седвичи ...
Според вкусот може да се стави и лукче, сенф или некој друг зачин.