Салата со изварка и сусам
Состојки
- 500 гр. изварка (урда)
- 100 гр. сусам (потпечен)
- 350 гр. кисела павлака 20 %
- 2 кисели моркови (средно големи, исечкани)
- 4 кисели крставички (средно големи, исечкани)
- 1 лажица ѕаѕики микс
- 1/2 лажичка сув копар
- сок од 1/2 лимон
- мешан сув зеленчук, сол по вкус
Подготовка
Лесна и вкусна салата, која се приготвува за кратко време.
Сусамот се потпекува без масло, се става во садот каде сме ја ставиле изварката. Морковите и крставичките се сечкаат на сити коцки и се ставаат во садот. Наместо од туршија, може да се стави свежа крставица и обарени моркови.
Се додаваат павлаката и останатите состојки и се меша убаво.
По вкус може да се стават и други зачини, се декорира по желба.