Мешан овошен намаз
Состојки
- 70 гр малини
- 150 гр јагоди
- 70 гр боровинки
- 1 лимон
- 80 гр мед
Подготовка
Прекрасен овошен намаз кој може да ви послужи за филови во торти,филување на палачинки или едноставно за намаз на лепче.
Едноставен во подготовката, а специфичен во вкусот.
Еве ја подготовката
Пасирајте ги јагодите и малините.
Јас ставив замрзнати малини па ми испаднаа малку водлести.
Додајте ги испасираните боровинки и се помешајте.
Ставете ги на оган во касерола и мешајте да се соединат.
Нека ја сменат малку бојата додека се затоплуваат и после 5 минутно мешање, тргнете ги од оганот.
Нека изладат и додајте го медот.
Мешајќи со лажицата соединете ја убаво смесата.
Лимонот го цедиме и сокот го додаваме во садот.
Промешајте добро и прекрасниот намаз е спремен за употреба.
Направете и извесете ме.
Јас нешто поубаво немам пробано.
Забелешка
Не морате да го затоплувате овошјето ако е свежо. Јас го затоплив затоа што малините ми беа замрзнати и имаше сок. Не засладувајте со шеќер, затоа што е доволен нивниот природен шеќер и медот.
На здравје