Испечати

Паштета од маслинки и крем сирење

Паштета од маслинки и крем сирење

Состојки

  • 200 гр црни маслинки
  • 2 тврдо варени јајца
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1-2 млади кромидчиња или 1-2 чешниња лук (избор спрема вкус или пак воопшто не мора да ставате)
  • 50 гр крем сирење

Подготовка

Во блендер ставете ги маслинките одвоени од коската. Треба да се вкупно 200 гр без коска. Кромидчињата или лукот ако се одлучите за таков вкус, ситно исцекајте или протиснете, истолчете. Додадете ги и oстанатите состојки и изблендирајте.
Сервирајте со гранче босилек.