Паштета од маслинки
Состојки
- 100гр црни маслинки
- пола авокадо
- 5 лажици таан
- 2 парчиња млад лук
- малку сув босилек
- малку лимонов сок или балсамико
- по желба сув копар
Подготовка
Се чистат маслинките од семките и се ставаат во блендер. Се додаваат другите состојки и се блендира додека не се добие убава мазна смеса. Совршена здрава паштета за појадок.