Млечен намаз со цвекло
Состојки
- 2 лажици ситно рендано цвекло
- 1 лажица кисела павлака (за блендирање со цвеклото)
- 1 лажица јогурт
- 100 гр. изварка (урда)
- 3 лажици кисела павлака 20 %
- 1 чешне лук
- зачини
- малку сол, копар, оригано, шарена сол
Подготовка
Вкусен и декоративен намаз кој може да се искористи за разни намени, за ситни залачиња, со риба, компир ... а со бојата привлечен за децата кои не сакаат цвекло.
Ситно изренданото цвекло се блендира заедно со по 1-та лажица павлака и јогурт, се става во сад и со вилушка убаво се меша со изварката и павлаката.
Се додава лукчето ситно исечкано или згмечено со алатка, се додаваат зачините и се меша убаво. Наместо изварка може да се стави и сирење и зачини по вкус.