Испечати

Медитеранска салата

Медитеранска салата

Состојки

  • 250гр. макарони
  • 1 главица зелена салата
  • 1 домат
  • 1 краставица
  • 100гр. маслинки
  • 100гр. фета сирење
  • За прелив
  • 150 мл. кисело млеко овчко
  • 100 мл. мајонез
  • зачини сол, бибер, оригано и малку маслиново масло
  • кромид по желба

Подготовка

Ги ставаме макароните во вода да се варат. За тоа време ја миеме и сецкаме салатата, краставиците, доматите, маслинките и фетата и кромидот (по желба). Го спремаме и преливот. Најпрво на чинија ја ставаме зелената салата, потоа макароните, па краставиците и доматите, па маслинките и сирењето, најгоре преливот и кромидот доколку го стакате. Добар апетит!