Испечати

Поинаква Мимоза салата

Поинаква Мимоза салата

Состојки

  • 5 компири
  • 5 јајца
  • 300 гр ремоуладе сос
  • 200 гр шунка
  • 5 кисели краставички
  • 1 морков

Подготовка

Компирите ставете ги во ладна вода да се варат околу 40 минути.
Јајцата исто така ставете ги во ладна вода но додадете и ловоров лист и парче црвен кромид.Посолете ги со јадра сол и оставете да се поварат на тивко. Од ловорот и кромидот ќе си примат убав мирис и ќе имаат посебен вкус.
Морковот обарен исецкајте го на коцки. Краставичката кисела исецкајте ја на мали коцки. Компирите лупете ги и рендајте ги. Додајте ги и ренданите јајца. Оставате две жолчки за рендање на површината.
шунката исецкајте и помешајте ја со смесата.Значи сето ова можете да го редите во сад. Еден ред компир рендан, па јајце, па морков и се останато. Јас ја измешав и овде го употребив Ремоуладе сосот. Помешав се и зачинив со копар. На површината прелеав од сосот, па со шпатула го измазнив и изрендав жолчки од јајца.
Декорирајте си и вие по ваш вкус.
На здравје