Испечати

Баклава со ореви

Баклава со ореви

Состојки

  • 500 гр кори за баклава
  • 500 гр мелени и сецкани ореви
  • 250 гр пченкарен гриз
  • 150 мл масло за готвење
  • 125 гр путер
  • шербет
  • 500 мл вода
  • 750 гр шеќер
  • 10 гр ванилин шеќер
  • 1 лимон (исцеден)

Подготовка

Секоја кора се попрскува со зејтин, се става по една лажица мелени ореви и една лажица гриз и се мота во ролат на тенко сукало. Кората на сукалото се собира како грклан, се вади од сукалото и се реди во садот за печење (треба да собере 2 реда во плехот).
Корите ги сечеме пред печење и ги преливаме со топол растопен путер измешан со масло за готвење.
Се пече на 180степени 30 до 40минути.
Баклава (оладена) ја преливаме со топол шербет во кој е додаден сок од еден лимон.
Се декорира со мелени ф’стаци