Козињак - рецепт на мојата мајка Бона
Состојки
- 1 кг брашно
- 2 јајца
- 1 шоља шекер
- 1 шоља масло
- 100 гр суво грозје
- 1 шоља млеко
- кора од лимон рендана
Подготовка
Сето ова го месиме заедно и го оставаме да отстои . Кога е готово тестото го делиме на 6 еднакви дела секој дел го сукаме и потоа по 3 сукани теста плетеме во вид на плетенка.
Кога ќе ги направиме плетенките ги оставаме да отсојат околу 30 -тина минути .
Пред печење одозгора ги премачкуваме со јајце и посипуваме со сусам .