Брза пита со компири
Состојки
- 4 јајца
- 3 компири (живи, крупно рендани)
- 400 гр. кисело млеко
- 100 мл. масло
- 150 гр. сирење
- 100 гр. брашно
- 1/2 лажичка пециво
- 1/2 лажиче сол
- 1 морков (изрендан)
- 1 китка магдонос (исечкан)
- зачини по малку по желба: шарена сол, чубрица, кари, копар
- за посипување сусам и ленено семе
Подготовка
Рецептов го сретнав некаде на интернет, ми се виде брз и навистина е таков.
Со мали измени добив интересна и вкусна малку поинаква пита.
~ Подготовка ~
Јајцата се матат со миксер, се додаваат крупно изренданите живи компири (3 средни или 4 помали), пополека се миксира и се додаваат постепено течните состојки, после сувите, сирењето, морковот, магдоносот и зачините.
Убаво се изедначува со миксерот на послабо и се тура во намрсена и набрашнета тава бр. 30, се посолува со сусам и ленено семе. Се печи 30 минути на 200 степени, па уште 15 минути на 170 степени зависно од рерната.
Питата се јаде подизладена или убаво изладена.
Има сочен и навистина интересен вкус.