Слатко солени бомбици со путер од кикирики
Состојки
- За смесата
- 150 гр. переци (било која врста)
- 1,1/2 лажица путер или маргарин
- 30 гр. шеќер во прав
- 230 гр. путер од кикиритки
- 1 ванила
- за глазура
- 150 гр. чоколада
- 1 лажица путер
- малку сецкани кикирики
Подготовка
Го сакам овој вкус - слатко солен
Переците може да бидат било кои, нормално не само оние ароматизираните со рузмарин или друга зачинка. Доколку имате по дома од искршените солени стапчиња, одлична прилика за да ги искористите, а оние солени стапчиња полнети со кикирики путер совршено одговараат.
- Переците сомелете ги или со оклагија ставени во кеса искршети ги ситно. Јас ги ставив во Чоперот и за минутка завршив работа.
- Путерот, путерот од кикириките, шеќерот во прав и ванилата спојте ги во еднолчна смеса. Најлесно со миксерот тоа да го направите.
- Во оваа добиена смеса додадете ги иситнетите переци, повторно измешајте со миксерот да сега повторно сето тоа се спои.
- Со лажичка вадете од смесата, направете бомбички, потоа глазирајте ги со глазурата за која верувам дека веќе знаете како се прави, без разлика дали ќе ја темперирате или не тоа е ваш избор. Посипете со мелени кикирики или пак како ќе изберете. Можете и само да ги шарате со дел од веќе направената глазура или пак за да смените - ставете бела чоколада за шарање.