Овошен кекс со јагоди
Состојки
- 4 јајца
- 20 големи лажици шеќер
- 20 големи лажици кисело млеко
- 20 големи лажици масло
- 20 големи лажици брашно
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка пециво
- по желба рендана кора од лимон
- 750 гр јагоди + 5 лажици шеќер ( за јагодите )
- шеќер во прав за посипување
Подготовка
Убав кекс што често се приготвува кај нас дома со секакво сезонско овошје и секогаш е исто сочен и подеднакво убав. Овој пат прилагоден со јагоди. Подготовката е многу едноставна и оди вака
1. Скршете ги јајцата во сад за матење. Додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер и матете со миксер додека јајцата не добијат светло жолта боја и не се згуснат.
2. Во добро изматената смеса додајте го киселото млеко и масло. Во друг сад на страна соединете го брашното со пецивото и нив додајте ги во садот со изматените јајца. Со лажица соединете ја смесата. По желба ставете и рендана кора од лимон. Сум пробала тестото да го правам и со обично благо млеко ама не е исто. Киселото млеко му дава посебен шмек и ровкост на кексот.
3. Во правоаголна тава за печење ставете половина од смесата и печете на 180 степени10-тина минути.
4. Во меѓувреме исчистените јагоди исечете ги на покрупни парчиња. Ставете ги во поголема цедалка и посипете ги со 5 лажици шеќер. Оставете ги да отстојат малку и да испуштат сок.
5 Малку подзапеченото тесто извадете го од рерна, посипете ги јагодите врз него и истурете ја врз јагодите преостанатата половина од смесата. Печете уште 30-35 мин на 180 степени , додека кексот не зарумени.
6 Готовиот кекс посипете го со шеќер во прав и исечете го на коцки со големина по желба. Може да си го приготвувате со секаков вид овошје.
На здравје