Испечати

Здрав појадок

Здрав појадок

Состојки

  • 1 шолја нискомаслен јогурт (можи и млеко)
  • 3 лажички стабилизирани и сушени пченични трици
  • 1 лажица крупно мелени 4 семиња (лен, сусам, сончоглед и тиква)

Подготовка

Еден предлог за оние кои имаат висок холестерол како и за оние кои не сакаат да појадуваат и џвакаат.

Наведените состојки се основата. Соодносот спрема густината можи да варира по желба на конзументот. Едноставно измешајте ги заедно во шолјата.

По желба, можи и да го збогатите со разно овошје и некој органски засладувач. Но, и вака како што е, е многу вкусно и држи ситост дури 5-6 часа.

Вкусот е и желба и навика, а здравјето е избор и среќа.