Милкшејк од јаготки

Состојки
- 5 јаготки
 - 2 топчиња сладолед од праска (јаготка, ванила...)
 - 25 мл слатка павлака
 - 150 мл ладно млеко
 
Подготовка
Ставете ги во блендер сите состојки и измиксирајте ги.
 Смесата претурете ја во 2 високи чаши.
 Ставете шлаг пена, прелијте со чоколаден и овошен прелив.
 Земете по една цевка и уживајте.
За летните жештини, подобро е ако јаготките претходно ги замрзните, а, и сите други состојки, нормално, треба да се од фрижидер.