Испечати

Поховани прстени од кромид во рерна

Поховани прстени од кромид во рерна

Состојки

  • 2-3 главици кромид (средна големина )
  • 1 белка
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици презла
  • 1 лажиче сув мешан зачин

Подготовка

1. Рерната ја вкулучуваме на 250 степени.
2. кКромидот го чистиме и го сечиме на кругови со дебелина од 5 мм. Ги разделуваме прстените кромид.
3. Белката ја матиме со вилушка. Во три различни садови ги ставаме белката, брашното и презлата промешана со сувиот зачин.
4. Кромидот го валкаме прво во брашно, во белка, па во презла. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење.
5. Печиме 15-20 минути.