Кукис со овесни снегулки
Состојки
- 150 гр путер омекнат на собна температура
- 150 гр интегрално брашно
- 150 гр бело брашно
- 100 гр шеќер
- 1 лажица мед
- 1 ванилен шеќер или екстракт од ванила
- 1 јајце
- 70 гр овесни снегулки
- 70 гр чоколадни капки
- 40 гр ситно сецкани ореви
- 1 лажиче прашак за пециво
- прстофат сол
Подготовка
Во сад се ставаат путерот, јајцето, шеќерот, медот, ванилата и со миксер се матат да се добие кремаста смеса. Потоа се додаваат сите останати состојки и со рака се замесува тесто. Тестото се витка во најлонска фолија и се остава 30-на минути во фрижидер.
Од тестото се кинат мали парчиња и се прават колачи во вид на ќофтиња и се редат во плех на хартија за печење.
Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.