Испечати

Крцкави зрнести колачиња

Крцкави зрнести колачиња

Состојки

  • 125 гр маргарин
  • 80 гр кафеав шеќер
  • 80 гр путер од кикиритки
  • 1 јајце
  • 50 гр брашно
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 лажиче мускатно оревче или цимет
  • прстофат сол
  • 250 гр овошни мусли (препорака со малини и капини)
  • 50 гр сецкани ореви
  • 50 гр сува брусница или суво грозје

Подготовка

Најпрво се мати маргаринот со шеќерот, додека не стане кремаст.
Потоа се додава путерот од кикиритки и откако ќе се измати, се додава јајцето. Се мати додека се добие убава кремаста структура.

Брашното, пецивото, мускатното оревче/циметот и солта се мешаат и се додаваат во изматеноиот путер миксирајќи со најмала брзина на миксерот.

На крај, рачно се вмешуваат муслите, оревите и брусницата/грозјето.

Од смесата се зема со лажичка и се ставаат купчиња врз плех обложен со пек-хартија. Се внимава растојанието да е на 2-3 см, бидејќи со печењето ќе се шират.
Се печат во загреана рерна од 185С околу 15на минути, додека да поруменат.

Печените колачиња се оставаат да изладат, а потоа се вадат од плехот. По вадењето од рерна се меки, а со ладење се стврднуваат.