Испечати

Ќофтиња во рерна

Ќофтиња во рерна

Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • 200 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • 5-6 заб лук
  • 200 гр биено сирење или кашкавал
  • 1 морков
  • 2 л брашно
  • 1 л црвен пипер
  • 300 гр домати
  • 300 гр вода

Подготовка

Кромидот и морковите испржете ги и додадете ги во меленото месо. Лукот изрендајте го во меленото месо и додадете ориз. Се убаво промешајте. Магдоносот ситно исечкајте го и додадете го во смесата.
Од смасата направете топчиња и ставете ги во тепсија.
Направете запршка.
Запржете го брашното и црвениот пипиер и додадете домати и вода. Се убаво розмешајте и истурете во тепсија да се покријат ќофтиња.
Ставете во рерна да се печат. Кога ќе бидат готови изрендајте кашкавал и ставете уште малку да се стопи.