Свински шницли во сос
Состојки
- 1,2 кг свинска удина
- 3 големи главици кромид
- 1-2 морков
- 1 коцка за супа
- по вкус сол и зачини (предлог- црн бибер, мајоран, енибар, куркума, сумак)
- 2 ловорови ливчиња
- 1 чаша суво бело вино
- 2-3 чаши вода
- 1 полна лажица прашок од крем супа од печурки со маслиново масло
Подготовка
Исечете го месото на шницли со дебелина од околу 1 см.
Во широка и длабока тава ставете малку маслиново масло и испржете го месото од двете страни.
Извадете го на страна и во истата мрснотија ставете го кромидот покрупно исецкан да се пржи со половина чаша вода. Морковот исецкајте го на ситни тркалца и ставете го да се пржи заедно со кромидот. Откако ќе стани стаклест, посолете и додадете ги зачините. Налејте го виното и водата и кога ќе затоплат издробете ја коцката за супа. Вратете го месото повторно во садот и додадете ги ловоровите ливчиња. Оставете да крчка на умерена температура со полупокриен капак се додека не згусни течноста и месото убаво омекни. Доколку ви е брза температурата, додадете уште малку вода, па приварете.
Тргнете го месото на страна. Прашокот за супа растворете го во половина чаша вода и додадете го во јадењето. Нека крчка додека се згусти сосот.
Јадењето послужете го со варен или печен компир и некоја свежа салата.