Едноставен сочен чоколаден колач
Состојки
- 500мл. јогурт
- 120мл. масло
- 200гр. шеќер
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 пециво
- 50гр. какао
- 400гр. брашно
- прелив
- 150гр. чоколада за готвење
- 150гр. путер или (маргарин)
- 120мл. млеко
- 150гр. шеќер
Подготовка
Подготовка.
Во сад за матење ги додаваме јогуртот, шеќерот, содата, пецивото, маслото, какаото и полека мешаме со рачна мешалка постепено додавајќи го брашното.
Во намрсена мала ростер тава ја сипуваме смесата и печеме во загреана рерна на 200степени половина час. Проверуваме со чепкалка дали тестото ни е печено на средина.
Во касерола ги ставаме сите состојки за прелив и на тивок огин ги растопуваме. Врз изладената торта го сипуваме топлиот прелив,сечеме коцки и послужуваме со топка сладолед или сезонско овошје како на пр. јагоди.
Добар апетит!!!