Испечати

Диетален доручек

Диетален доручек

Состојки

  • 200 гр ржано брашно ( +50 гр )
  • половина чаша јогурт
  • половина чаша кисела вода
  • 1 мало лажиче сол
  • 2 рамни лажички пециво
  • 2 големи лажици маслиново масло
  • за полнење на лепињите
  • неколку листови марула
  • по желба сувомеснато
  • 2 тврдо варени јајца
  • сенф или некој намаз по желба
  • *чашата што ја користев за мерка е 150 мл

Подготовка

Од пред некое време се ставив на режим на исхрана па еве предлог нискокалоричен доручек за сите диеталки. Ржаново брашно е феноменало, а лепињиве само ми го потврдија впечатокот. Се припремаат многу брзо, зошто не им треба стасување на тестото, а може да си ги комбинирате со што сакате.

1. Во сад за месење ставете го брашното. Додајте сол, масло и пециво. Јогуртот промешајте го со киселата вода и замесете тесто. Мене ми испадна мек,о па додавав уште малку брашно за да може убаво да ги обликувам лепињите. Поделете го тестото на 4 дела и од секој дел формирајте лепиња. ставете ги во тава за печење и печете на 180-200 степени 15-20 мин.

3. Кога се готови оставете ги малку во влажна крпа да омекнат. Изберете си полнеж по желба и направете сендвичи. Јас овој пат ставив марула парченца печеница и варени јајца. Искористете некој домашно подготвен намаз или само обичен сенф за подлога на лепињите.

Добар апетит