Едноставен десерт во чаша
Состојки
- 150гр. чоколада за готвење
- 5 лажици топла вода
- 4 јајца
- 50гр. шеќер во прав
- 1 банана
- 50гр. путер од кикирики
- 100гр. бисквити
Подготовка
Брз вкусен десерт...
1. Ги делиме жолчките од белките. Водата и чоколадата за готвење ја растопуваме и заедно со жолчите ја матиме во посебен сад.
2. Белките ги матиме заедно со шеќерот во прав и двете смеси ги мешаме заедно. На крај го додаваме путерот од кикирики.
3. Во секоја чаша ставаме половина од кремот, сецкаме банана и малку кршени бисквити. Постапката ја повторуваме на крај декорираме со банана и малку кикирики.
Добар апетит!!!