Испечати

Пијалок десерт со путер од кикирики и банана

Пијалок десерт со путер од кикирики и банана

Состојки

  • 125мл (половина шоља) млеко
  • 2 големи лажици течно чоколадо или сладило по вкус
  • 2 големи лажици путер од кикирики
  • 1 смрзната банана
  • 200- 250мл (една шоља) јогурт

Подготовка

Брзо, лесно, вкусно :)

Сите состојки ставете ги во блендер и пасирајте додека не добиете мазна изедначена смеса.

За мој вкус треба помалку банана, од прилика половина и повеќе путер од кикирики. Пробајте го прво на овој начин, а потоа дотерајте го по свој вкус.
Млекото се додава за малку да се разбие густината на пијалокот. Доколку немате млеко, слободно додадете вода, нема да има разлика во вкусот.

На здравје!